ВИДЕО | КАКОВ БЛАМ! Водителот ја прашал една од најубавите Русинки да го именува главниот град на Романија, а нејзиниот одговор е вистински хит на Интернет
Пред неполн месец, 25-годишната Анџелина Бреженскаја ја освои титулата Мис – „Москва“.
А, како што обично се случува, таа во меѓувреме започнала често да се појавува во јавноста, па пред некој ден гостувала во популарната емисија на познатиот Павле Воља.
Таа за време на гостувањето отворено проговорила за естетските зафати на кои се подложила и изјавила дека во тоа не гледа ништо непристојно, а во еден момент кажала и дека до титулата стигнала благодарение на тоа што знае да се претстави т.е. да ја покаже својата женственост и сексуалност.
Тогаш водителот на емисијата ја прашал дали е расположена за неколку „блиц“ прашања, по што следеле првите поплаки. Имено, кога ја прашале да го именува главниот град на Романија, убавицата одговорила дека тоа е Босна и Херцеговина, а нејзиниот одговор набргу стана хит на Интернет.