ВИДЕО | Каков срамен потег на Кристијано Роналдо! Фудбалерот се фати за половиот орган по провокациите од навивачите – официјални лица бараат жестока казна
Кристијано Роналдо реагираше недолично поради провокации од навивачите на противничкиот клуб, но наместо да даде извинување, тој излезе со срамно објаснување.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо направи скандал на натпреварот на неговиот Ал Наср против Ал Хилал кога беше испровоциран од навивачите на противничката екипа. Откако Ал Наср загуби со резлутат од 2:0, а Кристијано Роналдо одигра лош натпревар во кој му беше „простен“ црвен картон, од трибините почнаа да стигнуваат извици: „Меси, Меси!“, на што Кристијано Роналдо одговори со фаќање за половиот орган, што никаде не е прифатливо, особено не во Саудиска Арабија.
По ваквиот негов потег, адвокат дури побара да се покрене петиција врз основа на која фудбалската мега-ѕвезда ќе биде уапсена и депортирана од земјата, бидејќи како странски државјанин ги крши законите на Саудиска Арабија и фактот дека ситуацијата не е воопшто наивно покажува и дека Ал Наср во меѓувреме одговори на повиците.
Тоа не е официјална изјава, туку е испратено „објаснување“ на новинарот Мухамед Ал-Енези зошто Кристијано Роналдо реагирал несоодветно, што донекаде го оправдуваат тоа: „Кристијано Роналдо заработи повреда во играта. Во дуелот со Густаво Куељар, фудбалер на Ал Хилал доби удар на многу незгодно место. Тоа е потврдена информација, а навивачите можат да мислат што сакаат“.
Останува да видиме дали овие зборови некого ќе убедат и дали ќе ги смират навивачите, односно дали на крајот навистина ќе има потреба државата да се вклучи во целиот случај. Да потсетиме, Кристијано Роналдо беше платен од Саудиска Арабија да дојде во Ал Наср и таму заработува дури 200 милиони евра годишно.
Неофицијалните информации велат дека тој не е таму само да игра фудбал, туку и да ја промовира оваа земја на патот кон кандидатурата за домаќин на Светското првенство во 2032 година, како и на Олимписките игри.