ВИДЕО | КАКОВ ШОК! Работела цел живот за да си купи сопствен дом, а тоа што го открила во куќата било вистински хорор: “Исплашена сум до смрт!“

Жена од Колорадо, САД, била целосно шокирана кога открила дека нејзиниот нов дом со четири спални соби и две бањи бил огромно дувло за змии!

За помалку од две недели Амбер Хол (42 г.) пронашла 10 змии кои живеат во ѕидовите на гаражата од нејзиниот дом. Амбер Хол изјавила за локалната телевизија Denver7 дека ги открила несаканите посетители кога го фатила своето куче како зјапа во задниот ѕид од гаражата.

Пронашла змија свиткана во ѕидот, а кога ја ставила раката на ѕидот горе почувствувала топлина за која верувала дека излегува од голем број влекачи.

Јас и моите деца се плашиме да спиеме во креветите и се плашиме да го користиме тоалетот бидејќи може да излезат змии. Не можам да отпакувам ништо од моите работи бидејќи дефинитивно се плашам од змии во кутиите или под кутиите“, изјавила жената за споменатата телевизија.

Таа додала дека оттогаш потрошила околу 1.000 долари за да ангажира ловец на змии за да ги отстрани влекачите од домот. Фаќачот ѝ рекол дека врз основа на големината на змиите што ги фатил, мислел дека некои можеби живееле во ѕидовите на куќата најмалку две години.

Портпаролот на компанијата за недвижнини изјавил за Denver7 дека прв пат слушаат за овој проблем. Жената исто така додала дека можеби нема да се чувствува удобно да живее во куќата додека не го „искине бетонот“ и не го лоцира точно местото каде живеат змиите.

Ова е мојот прв дом. Работев за него цел живот и сега не можам да уживам во тоа. Моите деца не можат да уживаат. Исплашена сум до смрт“, кажала исплашената мајка.