ФОТО | “ОВДЕ НЕ МОЖЕ НИТУ ПИЛЕ ДА ПРЕЛЕТА!“ – Полска целосно го опколи Калининград: Оградата на границата со Русија е веќе готова, а ја набљудуваат повеќе од 3.000 камери

Кон крајот на септември или почетокот на октомври, Полска ќе го заврши електронското обезбедување на границата со Русија со повеќе од 3.000 камери, во кои вложи 88 милиони евра.

Ова денес го соопшти Мариуш Камињски, полскиот министер за внатрешни работи и администрација.

Го привршуваме опремувањето на границата околу целиот руски Калининградски регион. Ќе имаме целосна контрола на целата граница со Русија“, изјавил Мариуш Камињски за државната телевизија TVP.

Полска, Русија, ограда, граница

На околу 199 километри од границата, полските власти од април инсталираа над 3.000 камери и 200 километри кабли за безбедност, што ќе ги чини даночните обврзници 88 милиони евра.

Ваква ограда со модерен систем на сензори и камери веќе е поставена на повеќе од 200 километри од границата меѓу Полска и Белорусија.

Портпаролката на Граничната стража, Ана Михалска, за TVP изјавила дека годинава ќе се избере изведувач, а следната година ќе започне изградбата на системот за надзор каде што источните граници на Полска ги формираат реки.

Оваа недела се распишува тендерот за електронската бариера на реката Буг. Тоа ќе биде супермодерна електронска ограда интегрирана во тешкиот терен со 5.500 дневни и ноќни камери и сензори за движење. Да не може ниту глушец да се прикраде преку граница“, рекол Мариуш Камињски.

Без оглед на модерната ограда на границата со Белорусија која ја чуваат 5.000 припадници на Граничната стража и 1.000 полицајци и 4.000 војници, бегалците и мигрантите сè уште се обидуваат, а некои успеваат, да влезат во Европската унија преку источната рута преку Минск.

Полска, Русија, ограда, граница

Заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Воншик на почетокот на оваа недела изјави дека тензиите и притисокот полека се намалуваат, но дека полските патроли сè уште се цел на напади од другата страна на границата.

Сигурно е помирно, што не значи дека нешто не може да се случи. Од време на време нашите патроли се напаѓани со камења и гранки. Но, вистинскиот притисок на границата е помал“, изјавил Мачеј Воншик за државното полско радио.

Според новите извештаи на полската Гранична стража, само од почетокот на септември се регистрирани 340 обиди за илегално преминување на границата од Белорусија, а од почетокот на годината имало повеќе од 21.000 обиди.