ВИДЕО | КАКО НА ОВА ЌЕ РЕАГИРА ПЕП ГВАРДИОЛА !? Погледнете како ѕвездите на Манчестер Сити лудо се забавуваат во ноќен клуб: “Илјадници фунти се потрошени на алкохол за неколку часа…“

Ѕвездите на Манчестер Сити се забележани како жестоко се забавуваат во корејски ноќен клуб. Вака освојувачите на тројната круна од минатата сезона ги започнаа претсезонските подготовки, пренесува магазинот Daily Star.

Избраниците на Пеп Гвардиола ја започнаа својата азиска турнеја победувајќи го Јокохама Маринос со 5:3 на екстремно топлото време во Јапонија. Потоа, по поразот од Баерн Минхен со 2:1 на националниот стадион во Токио, англискиот и европски првак пристигна во Сеул, Јужна Кореја во пресрет на неделната пресметка со Атлетико Мадрид, во која „Граѓаните“ исто така загубија со 2:1.

Наместо дисциплиниран тренинг, ѕвездите на Манчестер СитиКевин Де Брујн (32 г.) и Кајл Вокер (33 г.) се забележани како прават бурна забава во корејски ноќен клуб.

На видеото, кое веднаш стана вирално, се гледаат двајцата високо платени фудбалери како уживаат во петокот вечерта, наводно во областа на Јонг-ро во Сеул.

Погледнете го видеото од забавата ОВДЕ.

Кевин Де Брујн и Кајл Вокер биле собрани околу маса со уште неколку луѓе, на која можеле да се забележат разни шишиња со алкохолни пијалоци. Во друга снимка, Кајл Вокер се гледа како се смешка и позира пред камерата додека лежерно танцува.

Во насловот на видеото се вели дека играчите на Манчестер Сити потрошиле неверојатни 8,5 илјади фунти на алкохол за само три часа!

Целата епизода е уште поинтригантна бидејќи Кајл Вокер беше капитен на Манчестер Сити во поразот од Баерн Минхен претходно оваа недела. Пеп Гвардиола му ја даде капитенската лента против баварскиот гигант, кој искажа голем интерес за неговото доаѓање ова лето.

Пеп Гвардиола се уште се надева дека ќе го одврати својот дефанзивец, кој има уште една година од договорот. Шпанскиот тренер на почетокот на неделата зборуваше за тешките температури на кои мораше да игра неговиот тим за време на турнејата, за подоцна да признае дека неговите играчи не се во „најдобра кондиција“.

Не би рекол дека сме далеку, но далеку сме од најдобрата состојба која би не донела во топ форма. Но, тоа е нормално. Ние се потпираме на менталитетот и поставуваме принципи што ги усвоивме. Така беше во претходните сезони“, изјави Пеп Гвардиола.

Останува да видиме како ќе реагира кога ќе го види видеото.