Погинаа 3 работници во експлозијата во хидроцентралата во Болоња! Невиден хорор на длабочина од 30 метри: Непозната судбината на 6 вработени

Три лица загинаа, додека шест се водат за исчезнати во страшна експлозија во хидроцентралата на вештачкото езеро Сувијана меѓу Болоња и Фиренца!

Експлозијата се случила околу 15.00 часот во хидроцентралата на брегот на вештачкото езеро Сувијано во општина Камуњано. АНСА јавува дека во моментов, според локалните власти, тројца повредени работници се борат за живот.

Според неофицијални извори, експлозијата се случила на ниво од минус девет за време на работа на генераторот приклучен на турбината. Самата брана не беше погодена од експлозијата.

Електраната нормално се наоѓа на 30 метри под површината на водата.

Три хеликоптери на брза помош полетале од Болоња и Модена за да ги пренесат повредените во болница.

– Има многу чад. Тешко е да се влезе во просториите – изјави покраинскиот командант на Болоњската противпожарна бригада Калогеро Туртурик и додаде дека спасувањето било комплицирано поради малата видливост и високата температура.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.