ВИДЕО | Како не треба да се однесувате со дивите животни! Девојка испровоцирала слон, а потоа ‘ѕверот’ го загубил трпението и брутално ја нападнал – вознемирувачко

Девојка во Индија била нападната од голем слон откако го задевала со банана!

На видеото од нападот, може да се види како девојка му нуди банана на огромно животно, но потоа одеднаш ја повлекува раката токму кога слонот сакал да го земе плодот. Се гледа како таа се насмевнува и се забавува, но слонот ја прогледал измамата и наеднаш замавнал со роговите и сурлата и ја фрлил девојката во воздух.

Пријателката која го снимала видеото исплашено се повлекла и ја испуштила камерата на земја.

Непосредно пред нападот на слонот, се слуша дека девојчето вели: „Колку е ова кул и забавно“.

Видео-снимката од инцидентот беше споделена на социјалните мрежи од Сусанта Нанда, кој е службеник на индиската шумска служба и често споделува интригантна содржина за дивиот свет на Интернет.

Не можете да измамите слон иако е мирен. Слоновите се едни од најинтелигентните животни во шумата“, порачал службеникот во описот на објавата на социјалната мрежа Твитер. Видеото предизвика многу коментари и многумина беа загрижени за здравјето на девојката.

Се надевам дека го преживеала нападот“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Сигурно претрпела неколку скршеници“.