Трогателна исповед на татко кој по две години ја видел својата поранешна сопруга: “Таа ме изневери со 10 различни мажи, и простив, но…“

Од ден на ден сме сведоци дека животот може да не доведе во разни непредвидени и чудни околности. Доволно е да ги погледнеме животите на луѓето околу нас и да сфатиме дека тоа понекогаш е поимагинативно и понеобично од филм, а ова особено се однесува на меѓучовечките односи и романтичните врски.

Еден Американец за весникот The New York Post неодамна се пожалил на нивниот колумнист Аби за неговата непријатна ситуација со поранешната партнерка, барајќи искрен совет.

Мојата сопруга и јас се венчавме пред 21 година. Таа призна дека за време на бракот ме изневерувала со 10 различни мажи. Секој пат останував со неа, надевајќи се дека ќе се промени. Конечно, пред три и пол години ја оставив, затоа што не можев повеќе да издржам. Сега таа е бездомник, но последнава година и пол живее со мене и ќерка ми, бидејќи еден ден ја видов на улица и изгледаше страшно“, раскажал човекот.

Сега се селиме, а ќерка ми сака мајка и да најде работа. Меѓутоа, таа одбива и не сака да ни помогне да ги платиме сметките. Сега сум соочен со следната дилема: да ја пуштам пак или да се борам да остане со нас ? Мојата ќерка е против таа да го продолжи животот со нас. Приходите ми се ограничени бидејќи имам лоша здравствена состојба. Јас имам 58 години, а мојата поранешна сопруга има 43 години“, прашал овој човек.

Набрзо тој добил одговор од колумнистот кој му кажал: „Твојата ќерка е во право. Ти си со лоша здравствена состојба и со ограничени приходи, а поранешната сопруга е работоспособна. Откако ќе се исели, твоите трошоци ќе бидат помали. Никаде не спомна дали се уште ја сакаш оваа жена, која е паразит или дали се променила. Штом ќе заврши бракот, вашата одговорност за неа е завршена. Охрабрете ја да бара засолниште кај роднините или пријателите или однесете ја во засолниште за бездомници. Не треба само да и дозволите оди, треба да најдеш сила за да инсистираш на тоа“.