Доколку имате профил на TikTok, сигурно во еден момент сте виделе рецепт за “cloud bread” – слатко по кое полудеа социјалните мрежи.
На социјалните мрежи можете да најдете различни верзии на овој десерт, но она што го бара секој од нив се јајца, шеќер и пченкарен скроб.
Трикот е да ги изматите белките заедно со шеќерот и пченкарниот скроб во многу, многу тврд шлаг. Така се создава тесто што се претвора во „надуван леб“ налик на облак.
Состојки:
3 јајца, лажица пченкарен скроб, две и пол лажици шеќер, екстракт од ванила и боја на колачот по желба.
Белките се матат убаво, па се додаваат две и пол лажици шеќер и 1 лажица пченкарен скроб и се меша додека се се соедини.
После тоа, додадете неколку капки боја на колачот. Ако сакате поинтензивна нијанса, додадете уште капки. Можете да додадете и екстракт од ванила. За да постигнете пастелна нијанса, доволни ќе бидат 4 или 5 капки.
Продолжете со матење додека не добиете многу тврд шлаг. Во тавата ставете хартија за печење и малку подмачкајте ја, па намачкајте ја смесата да не биде многу густа, но не и многу тенка.
Печете 30 минути на 140 степени. Кога „облакот“ ќе порумени, тој е готов.