Откако неговата девојка предизвика скандал со своите објави , а раперот го покажа задниот дел на брод во Венеција и доби доживотна забрана за возење , италијанската полиција реши да го истражи инцидентот .
Во меѓувреме, се појави видео во кое тиктокер тврди дека раперот бос влетал во црква во Фиренца на свадбата на непознат пар.
Во виралното видео, Вест се гледа како се ракува со збунетите младенци среде церемонијата. Носеше црна качулка преку глава и во еден момент се гледа дека е целосно бос, а реакцијата на младенците е хит.
За целата работа да биде уште побизарна, додека младенците се гушкале и му позирале на фотографот, раперот останал во кадарот со главата целосно завиткана во црно.
„Замислете да се сликате со Канје Вест на вашата италијанска свадба“, напиша тој покрај видеото кое наиде на бројни коментари.
Некои се запрашаа дали тоа воопшто е тој, а не недостигаа шеговити коментари.
„Тоа е ‘Kanye East’ ! Се пошегувал еден тиктокер, додека друг напишал: „Тоа не е Канје Вест. Тоа е вреќа за спиење“.
„Кому му е гајле за Канје, невестата личи на принцеза на Дизни“, заклучил трет.