ВИДЕО | КАТАСТРОФА – Еве што се ќе биде поплавено во Украина: Симулацијата на прелевање на реката Днепар по уривањето на браната кај Херсон ќе предизвика голема поплава – погледнете

Уривањето на големата брана и уништувањето на хидроцентралата „Нова Каховка“ предизвикаа паника и страв од големи разурнувања и природна-еколошка катастрофа во Украина.

Браната „Нова Каховка“ е изградена на реката Днепар, главниот воден пат што минува низ југоисточна Украина.

Низводно има неколку градови и села, вклучувајќи го и Херсон, град со околу 300.000 жители.

Нивото на водата рапидно расте, а на социјалните мрежи е објавено видео од две компјутерски симулации, едната направена уште во 2022 година, а другата направена утринава, непосредно по рушењето на браната.

Овие симулации покажуваат дека целиот регион од „Нова Каховка“ до сливот на Днепар и Црното Море е пред голема поплава и дека голем дел од копното од двете страни на реката ќе биде под вода.