Видео кое ја обиколи планетата: Рафаел Надал почна да тренира! Изборот на теренот кажува само едно! (ВИДЕО)
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на тренинзите по повеќемесечно отсуство предизвикано од повреда.
Надал нема играно од Австралија опен, кога предвреме беше елиминиран од Мекензи Мекдоналд. Тогаш беше и на операција. Се чинеше дека Шпанецот може да се врати на терените на крајот на годината, но тој се откажа од таа идеја.
Надал претходно најави дека 2024 година може да биде последна во неговата кариера.
Секако, Ролан Гарос и Олимписките игри во Париз треба да претставуваат врв на сезоната, но еден детаљ сугерира дека Надал има други планови.
Шпанецот беше снимен како тренира на тврда подлога, слична на онаа во Мелбурн на Австралија Опен, па јасно е дека силно ќе ја започне сезоната.