Суровикин виден во Москва: Моќниот генерал отиде во црква и јавно проговори за првпат по бунтот на Вагнер

Поранешниот командант на Здружената група на руските сили во Украина Сергеј Суровикин е виден со своето семејство во една од црквите во Москва.

Рускиот портал ,,Нова Вести” објави фотографија на која Суровикин е во тексас јакна и фармерки пред црквата.

На новинарско прашање за неговото место на служба, Суровикин кратко одговори:

Јас ѝ служам на татковината! Немам повеќе коментари!

Сепак, не се знае кога точно е направена фотографијата.

Дуровикин отсуствува од јавната сфера по вооружениот бунт на Вагнер, а западните медиуми пишуваат дека тој паднал во немилост на рускиот лидер Владимир Путин и дека дури е во притвор. Тој беше виден само за време на посетата на делегацијата на руското Министерство за одбрана на Алжир во средината на септември.

Не е јасно каква позиција има моментално Суровикин, но Виктор Заварзин, член на комитетот за одбрана на Думата, неодамна изјави дека генералот „нашол добра позиција“ во Заедницата на независни држави.

Дуровикин не се појавува во јавноста од 24 јуни, откако беше објавена неговата видео порака до бунтовничките борци на приватната воена компанија Вагнер да се вратат во базите.