ВИДЕО | КОШМАРОТ НА ВЛАДИМИР ПУТИН СЕ ВРАТИ НА ФРОНТОТ – Азов повторно во борбата против Русите: Не престануваат да ја провоцираат Москва, а еве која е нивната главна цел

Украина ја воведе својата обновена бригада т.е. баталјон Азов на фронтот за прв пат откако го бранеа градот Мариупол минатата година, бидејќи се обидува да направи пробив во својата фамозна контраофанзива.

Тоа се случи кога рускиот претседател Владимир Путин го посети командниот центар на неговите сили за прв пат од март, а новите проценки покажуваат дека Русија има 300.000 жртви досега во војната.

Азов, украинската формација која го бранеше последното упориште во фабриката за челик Азовстал во Мариупол во пролетта 2022 година, е надополнета и вратена на фронтот, потврди на брифинг со новинарите полковникот Микола Уршалович од Националната гарда на Украина. Украинските команданти соопштија дека најпознатата единица веќе се вратила да се бори против руските сили на линијата на фронтот.

Легендарната бригада за специјални намени Азов се опорави и почна да извршува борбени задачи“, изјавил Микола Уршалович.

Како што е наведено, обновената единица сега „ги исполнува борбените цели“ околу шумскиот резерват Серебријански во областа Луганск, пренесуваат странските медиуми.

Украинската армија на 12 август пука врз руските позиции кај Бахмут во Доњецк
илустрација

Борците на Азов му нанесуваат разорни загуби на непријателот во жива сила и опрема и ги држат окупираните линии“, рекол Микола Уршалович и додал дека на 15. август Азов односно нивната артилерија уништила минофрлачка екипа и инженерско возило на руските инвазивни сили.

Руските сили изведуваат контранапад на подрачјето на шумата Серебриска во северниот дел на источната линија на фронтот околу Купјанск и Лиман, пишува весникот The TelegraphУкраина ја започна својата контраофанзива пред два месеци, но претрпе големи загуби во нападите против добро зајакната и вградена руска одбрана.

Оваа недела, американските разузнавачки претставници соопштија дека Украина нема да ја исполни својата цел за повторно заземање на Мариупол, иако Институт за проучување на војната со седиште во Вашингрон го оспори тоа, велејќи дека тоа е неправедна и проценка бидејќи руските сили биле лошо деградирани.

Украинската контраофанзива не е посебен сет на планирани операции и сегашните контраофанзивни операции веројатно поставуваат поповолни услови за поголеми, значајни операции“, се наведува во извештајот од Институтот за проучување на војната.

The Telegraph пишува дека Мариупол е важен затоа што Кремљ сака да го претвори во пример за тоа како животот под руска власт може да биде прогресивен. Русите го бомбардираа пристанишниот град до темел во март, април и мај минатата година, но оттогаш вложија многу во напорите за негова обнова, пишува весникот.

Минатата година, Мариупол беше и место на пркосен отпор на Азов против руската Армија. Баталјонот се спротивставуваше на руските сили речиси два месеци од својата база во челичарницата Азовстал пред конечно да се предаде во мај 2022 година.

Азов инаку е контроверзна бригада која во својот состав има и неонацисти.

Минатиот септември, командантот на Азов, Денис Прокопенко и други офицери кои имаа улога во одбраната на Азовстал беа испратени во Турција, по договорот за размена на 215 украински затвореници за украинскиот политичар и семеен пријател на Владимир Путин, Виктор Медведчук, како и за 55 руски воени затвореници. Петте поранешни команданти на Азов, според договорот, требаше да останат во Турција до крајот на војната, но во јули годинава, по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Турција, заедно со него се вратија во Украина.

Прокопенко, Паламар, Волински, Шлеха и Хоменко се вратија од Истанбул во Украина со Володимир Зеленски.

Петмина поранешни команданти на гарнизонот во Мариупол беа пречекани со церемонија во западниот град Лавов по нивното враќање во Украина од ТурцијаДенис Прокопенко веќе тогаш објави дека неговиот полк ќе се врати во битка.

Дефинитивно ќе го кажеме нашиот збор во борбата“, нагласи тој.

Денис Прокопенко се сретна со војниците во средината на јули, а Азов потоа објави дека тој ќе продолжи да командува со формацијата веднаш штом ќе заврши курс за физикална терапија.

Враќањето на командантите на Азов во Украина ја налути Русија, која ги обвини Турција и Украина за кршење на правилата од договорот за размена на затвореници. Како што пишува The Telegraph, Кремљ го мрази Азов, која ја обвинува дека е поврзана со нацистите.

Откако се вратија од Турција, командантите на Азов го испровоцираа Кремљ со ветување дека ќе ги вратат своите војници во битка, а сега Министерството за внатрешни работи на Украина го потврди тоа со објавување видео.

Азов во четвртокот објави видео од акцијата на фронтот во Запорожје, на која се гледа како уништуваат борбено возило на руската пешадија, како што пренесуваат украинските медиуми, додавајќи дека специјалните сили на Азов дејствуваат на Запорожје.

The Telegraph пишува дека проруските воени блогери признале дека украинските сили напредувале околу селото Роботин долж јужната линија на фронтот во регионот Запорожје. Весникот наведува дека повеќето од украинските бригади опремени и обучени од Западот сега се исто така вклучени во борбите, вклучително и една со тенкови од британската Армија.