Поранешниот тренер на Џенифер Анистон вели: Зашеќерените газирани пијалоци се полоши за вашето здравје од дрогата

Газираните пијалоци се полоши за човековото здравје од кокаинот, според славниот фитнес тренер кој работел со ѕвезди како Никол Кидман и Џенифер Анистон.

Себастијан Лагре ги внесува најголемите холивудски ѕвезди во форма повеќе од 20 години и им кажува на сите да избегнуваат три работи: готова храна која се подготвува во микробранова печка, пржена храна и газирани пијалоци.

„Слатките газирани пијалоци се најлоши. Кокаинот е нелегален, но газираните пијалоци не се и, според мене, тие се полоши од кокаинот“, изјави тој за Дејли Мејл.

Своето тврдење го поткрепува со истражување кое покажало дека газираните сокови содржат огромни количества хемикалии и додаден шеќер кои, според научниците, имаат слично дејство на нашиот мозок како тешките дроги.

„Високо обработената храна, вклучувајќи крофни, газирани сокови, житарки и пица, треба да се класифицираат како лекови бидејќи предизвикуваат компулсивна употреба и влијаат на промените во расположението“, велат истражувачите во нивниот преглед во списанието BMJ во април. Тие ја поврзаа прекумерната потрошувачка на додадени шеќери со дијабетес, гихт, дебелина, висок крвен притисок, срцев и мозочен удар, рак, астма, расипување на забите, депресија и рана смрт.

Водата е најздрава

Истражувачите од Универзитетот Харвард набљудувале група од речиси 100.000 Американки на возраст над 50 години повеќе од 20 години. Тие откриле дека жените кои пијат една или повеќе газирани пијалаци засладени со шеќер дневно имале 85 отсто поголеми шанси да добијат рак на црниот дроб во споредба со оние кои пиеле помалку од една газирана сода неделно.

Оние кои пиеле газирани пијалаци дневно имале и 68 отсто поголеми шанси да умрат од заболување на црниот дроб отколку оние кои пиеле три или помалку такви пијалоци месечно.

“Ништо не ја надминува водата. Не можете да погрешите со тоа”, истакнува Лагре. Исто така, тој препорачува конзумирање на пилешко, морски плодови, разни зеленчуци и житарки наместо пржена и готова храна.

“Не можете да ја решите лошата исхрана со тренинзи. Нема смисла да се обидувате да ја надоместите потрошувачката на нездрава храна во теретана”, заклучил тој.