ВИДЕО | КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА РУДНИЦИТЕ “ИЛОВИЦА“ И “ШТУКА“ – Дали кумот на Никола Груевски дал зелено светло за копање во Струмичко !?

Прашањето што ја мачи македонската јавност во изминатиот период е: Кој точно ја има издадено дозволата за концесија за рудниците „Иловица“ и „Штука“ во регионот на Струмица или попзнати како ‘рудниците на смртта“.

Одговорот на ова прашање, но и сите останати перипетија околку оваа тема што внесе гнев кај македонската јавност можете да го пронајдете во емисијата Во Центар, каде министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, открива детали за планот за рудниците.

Дозволата за концесија, еве јас ја имам точно пред мене, на 16. јуни 2012, донесена е одлука и потпишана во тоа време од Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истата година и тогаш се дадени дозволи за концесии“, открива министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во гостувањето во емисијата Во Центар кај новинарот Васко Ефтов.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – Интервју со Каја Шукова, министерка за животна средина. – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #KajaShukova #NikolaGruevski #Gruevski #VMRO #Strumica #money #gold #Balkan #greenenergy

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Според ова тврдење на министерката, кумот на бегалецот Никола Груевски (поранешен претседател на македонската Влада) дава дозволи за концесии.

Зоран Ставервски

ШТО ЗНАЧИ ДОЗВОЛА ЗА КОНЦЕСИЈА !?

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, понатаму во емисијата Во Центар открива дека по добивањето на дозволи за концесии, следи дозвола за експлатација т.е. откако ќе ја добиете дозволата, како што вели министерката, тогаш можете да почнете да копате.

Целата вистина за т.н. ‘рудници на смртта’ можете да ја дознаете во емисијата Во Центар – „Која е вистината за рудниците на смртта ?“, а истата можете да ја погледнете на YouTube каналот Vasko Eftov.