ВЛАДАТА ОДЛУЧИ – УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ КОРИСТАТ И ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ! МОН: “Одмор од од 29. април до 5. мај, а учебната година ќе трае до 17. јуни“

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст во периодот од 29. април до 5. мај, а учебната година ќе трае до 17. јуни, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Владата на денешната седница, на предлог на МОН, одлучи учебната година да почне на 1. септември, а првото полугодие да заврши на 29. декември 2023 година.

Од 30. декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22. јануари. Во периодот од 29. април до 5. мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17. јуни, а летниот одмор почнува на 18. јуни и завршува на 31. август 2024 година“, информира МОН.