ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЈА ОБЈАВИ СНИМКАТА ОД НАПАДОТ ВО МОСКВА! Со ножеви ги колеле ранети, пукале во нив од непосредна близина

Исламската држава објави видео на кое се гледа  терористичкиот напад и масакрот во салата Крокус во Москва.

На видеото кое трае минута и пол се гледа како терористите отвораат оган врз цивили со автоматско оружје.

Во еден момент, џихадист е прикажан како постојано поминува со нож по грлото на ранет цивил, кој лежи на земја.

Видеото, кое со молскавична брзина се рашири низ социјалните мрежи, најверојатно првично го објави агенцијата Амак, „официјален медиум“ на терористите на Исламската држава .

Видео материјалот подолу е скратен, а во него не се прикажани најкрвавите моменти од нападот.

Исто така, важно е да се напомене дека лицата на напаѓачите беа заматени во оригиналното видео.

ФСБ во петокот вечерта извести дека пукањето и пожарот се случиле пред концертот во салата Крокус во Красногорск, во близина на Москва.

Според последните податоци на рускиот истражен комитет, убиени се 133 лица.

Дописникот на РИА Новости, кој бил присутен на инцидентот, јави дека најмалку тројца мажи во маскирни униформи и без маски влегле во салата, пукале во луѓе и фрлале запаливи бомби.

Според централниот разузнавачки центар на ФСБ, оружјето што го користеле терористите во Крокус било однапред подготвено на скриена локација .

По терористичкиот напад, терористите се обиделе да побегнат со автомобил.

Според Централниот оперативен центар на ФСБ, во акцијата на специјалните служби и полицајците приведени се 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани во терористичкиот напад.