ВИДЕО | КРВАВА ЗАБАВА – Сакале да им го откријат полот на бебето на своите пријатели, а додека среќната двојка славела зад нив се случила голема трагедија

Забава на која еден пар во Мексико сакал да им го открие полот на своето дете на своите пријатели се претворила во страшна трагедија. Имено, двојката најмила мал авион кој требало да ги прелета и да фрли розова или сина пудра која би го открила полот на нивното дете.

Но, во моментот кога авионот се приближил до идните родители, кои стоеле до знакот, авионот од кој се испуштал розов чад, почнал да се урива.

Додека среќната двојка се бакнувала и го прославувале своето ново бебе, малиот авион се урнал и пилотот загинал.

Пред да сфатат дека се случила трагедија, парот продолжил да се гушкаат, а членовите на семејството им честитале.

Луис Анхел Н. (32 г.) бил пилотот и единствениот човек во малиот авион, јавуваат локалните медиуми. По несреќата бил пронајден како лежи под урнатините. Тој итно бил пренесен во болница каде за жал починал.

Видеото од овој трагичен момент стана вирално на социјалните мрежи, а се појави и фотографија на која се верува дека го прикажува целосно уништеното летало.