ФОТО | СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ‘ГОРАТ’! Салма Хајек за 57-от роденден ги почести своите обожаватели со никогаш попредизвикувачки фотографии

Салма Хаек докажа дека годините за неа се само бројка прославувајќи го својот 57. роденден на плажа во оскудно црвено бикини кое ги истакна сите нејзини атрибути.

Така, во саботата наутро, познатата актерка објави серија атрактивни фотографии на социјалните мрежи на кои ужива покрај океанот и напиша: „Многу сум среќна што сум жива и длабоко сум благодарна за сите благослови!!! Моето сакано семејство, моите драгоцени пријатели, моето здравје, мојата работа која ме одржува, мојот мотивирачки тим, мојот однос со животните и природата и љубовта на сите мои верни обожаватели. Среќен ми 57-ми роденден!!!“.

Погледнете ја објавата на Салма Хаек ОВДЕ.

Иако не откри каде го слави роденденот, пред неколку дена објави дека патува со својата ќерка, 15-годишната Валентина Пино. Минатиот месец, познатата актерка беше фотографирана на одмор со нејзиниот сопруг Франсоа -Анри Пино.