Донесена одлука за таткото на момчето – психопат кое уби 9 ученици во „Рибникар“

Вишиот суд во Белград на 30 дена му го продолжи притворот на таткото на момчето кое на 3 мај уби девет врсници и чуварот на училиштето во ОУ „Владислав Рибникар“.

На таткото му е продолжен притворот за да не го повтори делото , како и со оглед на тоа што постои основано сомневање дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, како и начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведе до вознемиреност во јавноста што може да го загрози непречено и правично водење на кривичната постапка, се вели во соопштението на тој суд.

Пред еден месец, на мајката на момчето и’ е изречена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со одредено лице, односно со која и’ е забрането да се приближува, да се сретне или да комуницира со нејзиниот син, која е и сведок во оваа постапка.

Таткото на момчето со обвинението, кое на 10 октомври беше предадено на потврда на Вишиот суд, беше обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност, додека мајката е обвинета за кривично дело – недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали.