ВИДЕО | „Крваво небо“ над градот ги исплаши граѓаните: Спомнуваат земјотрес и крај на светот, а еве за што се работи

Необичната појава, снимена над кинеската провинција Жеџијанг, исплаши многу жители, кои сметаат дека тоа е „лош знак“.

Фотографиите и видеата од „крвавото небо“ ги преплавија социјалните мрежи, а се направени минатиот четврток, околу 20 часот по локално време.

„Изгледа како атомска експлозија“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Пред земјотрес, небото е секогаш црвено“.

За потсетување, слични сцени беа снимени на 7 мај 2022 година над областа Путуо и неколку дена подоцна над провинцијата Фужен.

Во тие денови мрежите беа преполни со коментари од загрижени граѓани кои веруваа дека „апокалипсата се ближи“, а некои забележаа дека веќе се „трупаат“.

Откако снимката од Жеџијанг стана вирална, се огласи локалното метео биро и објасни за што се работи, пренесува The Sun.

Експертите велат дека феноменот е предизвикан од светлата што ги користат рибарските чамци.

Нивните светла се со црвена боја, имаат подолга бранова должина и силна продорна моќ. Кога временските услови се добри, повеќе вода во атмосферата создава аеросоли кои ја прекршуваат и расфрлаат светлината и создаваат црвено небо“, се вели во извештајот.