ВИДЕО | КРВАВО УТРО ВО ПАРИЗ – Најмалку три лица повредени во напад со нож, едно во критична состојба

Во нападот со нож утринава во центарот на Париз, повредени се најмалку три лица, од кои едно е во критична состојба.

Во соопштението за медиумите од париската полиција, се наведува дека осомничениот напаѓач е уапсен и кај него била пронајдена италијанска возачка дозвола, пренесуваат француските медиуми.

Полицијата од Париз потврди дека во нападот со нож се повредени три лица, од кои двајца се во релативно тешка состојба, а третото е во критична состојба.

Според полициски извори, засега не се познати мотивите за нападот.