Христијан Мицкоски од Швајцарија: “Дијаспората масовно да излезе да гласа на претстојните избори“

„Претстојниот приод е предизвикувачки и потребна е што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на претседателските и парламентарните избори, бидејќи се суштински за иднината на Македонија“, порача денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Швајцарија. 

Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, се во дводневна посета на Швајцарија.

Она што го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората, игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија. Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората“, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски најави формирање координативно тело меѓу институциите за пензионерите од дијаспората кои ќе одлучат да се вратат во државата. Оцени дека Владата во заминување и Оливер Спасовски оставија, како што рече, девастирачки проблем со патните исправи за граѓаните во Македонија. Додаде и дека ќе бидат потребни две години за да се обноват патните исправи. 

Денеска почнуваме со Женева, тука имаше состанок со претседатели на многу задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа. Мотивирани се луѓето, сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да дадат максимум во периодот кој следи да успееме заедно да ја поразиме коалицијата СДСМ – ДУИ“, изјави Христијан Мицкоски.

Според него, македонската дијаспора во Женева има план како да дејствуваат во претстојните месеци. Најави дека денеска продолжуваат со трибина во Лозана, а утре со трбина во местото Тринген.