(ВИДЕО) Легендарниот Германец снимал честитка за своите фанови и случајно ја фатил сопругата гола па им ја испратил на пријателите

Андреас Бреме ја снимал својата сопруга, 56-годишната Сузана Шедер, која била без градник во станот.

Поранешниот германски фудбалер Андреас Бреме ја освои титулата светски шампион со Германија во 1990 година и влезе во историјата на фудбалот.

Бреме денеска ужива во заслужената пензија, а деновиве стана хит во светските медиуми. Зошто? Имено, Германецот снимал честитка за своите фанови, но технологијата не му е јака страна, па случајно ја снимал и својата гола сопруга.

Овој 62-годишен Германец ја снимил својата сопруга, 56-годишната Сузана Шадер, која била без градник во апартманот.

„Сега цел свет знае дека имам убава сопруга. Тоа не требаше да се случи, но можам само да се смеам. Во иднина ќе и дадам на жена ми да ме снима“, изјави поранешниот фудбалер на Баерн и Интер.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ