ВИДЕО | МАЕСТРАЛНИОТ ЛЕБРОН ЏЕЈМС И ВО 39. ГОДИНА ПОСТАВУВА РЕКОРДИ – За “Кралот“ не постојат граници: Ја премина магичната бројка од 39.000 поени во НБА лигата

Маестралниот ЛеБрон Џејмс ја урна нереалната бројка од 39.000 освоени поени во најсилната лига на светот.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси на домашен терен ја победија Јута Џез со резултат 131:99, а ЛеБрон Џејмс заврши со 17 постигнати поени што беа доволни за да постави нов голем рекорд.

ЛеБрон Џејмс пред натпреварот имаше 38.995 поени на своето конто, а по пет минути игра постигна тројка, по што стана првиот играч во историјата на НБА кој стигнал до 39.000 поени! Неговиот поен за историја можете да го погледнете ОВДЕ.

Иако влезе во 39. година од животот, славниот Американец нема намера да застане, па прашање на време е кога ќе ја достигне магичната граница од 40.000 поени во кариерата.

Му недостигаат уште 982 поени, што значи дека до крајот на сезоната би можел да постигне уште еден рекорд. Во тоа ќе успее ако во преостанатите 67 натпревари од регуларната сезона има во просек 14,7 поени по натпревар.

Неговиот просек оваа сезона е 25,7 поени по натпревар, што доволно кажува дека „кралот“ ќе го остави тоа што досега не му успеа на никој.