ВИДЕО | МАРИО БАЛОТЕЛИ ГИ НАСМЕА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ ДО СОЛЗИ – “Нема шанси да играм за ПСЖ! За плата од 10.000.000 ? Па, има шанса!“

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели со својата урнебесна изјава ги насмеа фудбалските обожаватели ширум светот до солзи.

Искусниот напаѓач неодамна потпиша договор со Адана Демирспор од Турција и постигна два гола во победата на неговиот клуб од 2:0 над Алањаспор овој викенд.

Одличната игра беше повод за гостување во популарна емисија на италијанската телевизија Play.

Во интересен разговор новинарот го праша Марио Балотели дали некогаш би заиграл за Пари Сен Жермен. Италијанецот му покажа среден прст и му одговори директно:

Нема шанси, нема апсолутно никакви шанси. Играв со Марсеј и Ница, така што нема шанси“.

А што ако ти понудат плата од 10 милиони евра годишно ?“ прашал новинарот.

Марио Балотели се насмевнал и искрено одговорил:

Па, секако дека би прифатил“.

Овој момент од неговото интервју можете да го погледнете ОВДЕ.