Црвеното вино го намалува ризикот од артритис

Исто така, беше потврдено дека повеќе од три до четири чаши вино неделно генерално ќе нанесат повеќе штета отколку добро за здравјето на жените.

Три чаши вино неделно може да помогне да се заштитат зглобовите од ширење на артритис, да се спречи автоимуниот одговор на телото и други воспалителни процеси, заклучи шведското истражување спроведено на 34.000 жени на возраст меѓу 39 и 84 години. Жените кои умерено уживаат во црвеното вино уште пред развојот на оваа автоимуна болест, односно борбата на организмот против инфекциите, го намалуваат ризикот од артритис за повеќе од 50 проценти.

Иако не постои лек кој спречува воспалителни процеси, туку само методи за ублажување на болката, научниците потврдија дека немаат сознанија како поголемите количини алкохол влијаат на воспалените зглобови.

Сепак, исто така беше потврдено дека повеќе од три до четири чаши вино неделно генерално ќе нанесат повеќе штета отколку добро за здравјето на жените.