ВИДЕО | Мачките станаа новата главна алатка за војната во Украина !? Се борат против “противниците“, а вака им помагаат на војниците
Војните ги водат војниците кои користат куршуми, гранати и проектили, но користат и идеи и пропаганда, што објаснува зошто мачките станаа најновото оружје за војна во Украина. Медиумите во Украина се преполни со видеа каде мачките им помагаат на војниците како животни за емоционална поддршка, привлекувајќи донации за Армијата со својата слаткост, а исто така се борат против агресорите, во овој случај глувците.
Мачките и другите животни им носат утеха на украинските војници.
„Некои ги посвојуваат и ги носат дома, други претпочитаат да ги држат во рововите, па дури и да ги остават кај други единици за време на ротацијата“, открива Олександр Штупун, портпарол на украинската Армија.
Усвоените мачки, исто така, водат свои битки против глувците кои ги напаѓаат рововите и ги глодаат комуникациските кабли и жиците од системот на Starlink, уништуваат залихи со храна и воена опрема, па дури и грицкаат прсти на заспаните војници.
„Ако во нашите ровови живеат мачки, глувците речиси секогаш ќе се држат настрана“, вели потпатолот.
Командантот на украинските копнени сили Олександар Сирски е познат како еден од најефективните борбени водачи во земјата, а помалку е познат по тоа што има имењак од мачка со смртоносна репутација.