ВИДЕО | Медведев полуде на мечот на УС Опен и и се обрати на ТВ камерата: „Некој ќе умре па ќе видите“
Рускиот тенисер Даниил Медведев е револтиран од одлуката на челниците на УС Опен натпреварите во завршната фаза на овој Грен слем да се играат на дневна светлина и на високи температури и рече дека таквиот пристап ќе престане само кога ќе умре некој тенисер на теренот.
Овие зборови доаѓаат откако Медведев го одигра вториот меч по ред во текот на денот, а високите температури и тешките услови за игра се обиде да ги ублажи со соблекување на дресовите на паузите и користење крпи со мраз.
Крајно лут, што можеше да се види и од изразот на лицето, на сред меч, гледајќи во камерата, им рече на организаторите:
„Еден играч ќе умре. И тогаш ќе видите…“
Потсетуваме, третиот тенисер во светот го совлада Андреј Рубљев со резултат 3:0 во сетови.
Во полуфиналето на овој Грен слем турнир Медведев ќе игра против одличниот шпански тенисер Карлос Алкараз со кого годинава се сретна двапати и двата пати загуби.
Во второто полуфинале, барем на хартија, Новак Ѓоковиќ ќе има малку полесна работа против домашниот претставник Бен Шелтон.