ВИДЕО | Меси импресионираше со својот потег при доделувањето на трофејот: Соиграчот не можеше да поверува што му зборува
ЛИОНЕЛ МЕСИ од денеска е фудбалерот со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. Досега го делеше првото место со Дани Алвеш со 43 освоени титули, но сега со освојувањето на пехарот со Интер Мајами стигна до својот 44-ти трофеј и самиот изби на врвот.
Аргентинецот беше клучен играч за тимот од Мајами во таа кампања. Го носеше во текот на целиот турнир, а потоа и во финалето против Нешвил. Интер на крајот славеше дури по изведувањето пенали. Регуларното време заврши 1:1, а единствен стрелец за Интер беше Меси во 23. минута.
Дрејк Календер си постигна автогол во 57. минута кој со оглед на тоа што нема продолженија доколку резултатот биде изедначен по 90 минути, му обезбеди на Нешвил престрелка. Сепак, таму Интер победи со 10:9 во серијата со три промашени пенали. Рандал Леал и Елиот Панико промашија за Нешвил, а Виктор Улоа за Интер.
Аргентинецот импресионираше и по натпреварот. Најпрво ја симна капитенската лента и му ја даде на ДеАндре Једлин. Американскиот репрезентативец се збуни, ја одби лентата, но Меси му ја стави на раката, а при доделувањето на пехарот, еден од најголемите играчи во историјата буквално го принуди Једлин да го подигне трофејот. Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи, а фановите ширум светот беа воодушевени од потегот на Меси.