ВИДЕО | “МЕ ГЛЕДАА КАКО ДА СУМ ЛУД!“ – Џо Бајден вели дека заканата на Владимир Путин за употреба на нуклеарно оружје е реална!

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека заканата на претседателот на Русија, Владимир Путин, за употреба на тактичко нуклеарно оружје е реална.

Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако првиот човек на Белата куќа го осуди руското распоредување на тоа оружје во Белорусија.

Медиумската агенција Reuters потсетува дека во саботата Џо Бајден ја нарече „апсолутно неодговорна“ најавата на Владимир Путин дека Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Кога бев тука пред околу две години и реков дека сум загрижен дека реката Колорадо ќе пресуши, сите ме гледаа како да сум луд. Ме гледаа како кога реков дека сум загрижен дека Владимир Путин ќе користи тактичко нуклеарно оружје. Тоа е реално“, изјави Џо Бајден пред група донатори на митинг одржан во понеделникот во Калифорнија.