ВИДЕО | “НИТУ НАТО НЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ“ – Операцијата за спасување на исчезнатата подморница во Атланскиот Океан е запрена – ова се последните информации и детали!

Британските медиуми од минута во минута ја следат приказната за малата подморница која исчезнала во длабочините на Атлантскиот океан при обиколка на потонатиот брод Титаник, бидејќи најмалку тројца туристи во таа подморница се од Велика Британија или живеат и работат во оваа држава.

Sky News објави дека Министерството за одбрана на Велика Британија вели дека длабочината на која се верува дека е исчезнатата подморница ја надминува длабочината на која спасувачкиот подморнички систем на НАТО може безбедно да работи.

Продолжуваме да го следиме инцидентот во северниот дел на Атлантикот“, се вели во соопштението до медиумите.

Daily Mail пишува дека опремата неопходна за спасување на исчезнатата подморница ја држат американски официјални лица. Ова го изјави Дејвид Конканон, советник на компанијата OceanGate, која води туристи на обиколки на потонатиот брод Титаник и е сопственик на исчезнатата подморница.

Дејвид Конканон изјавил дека опремата се наоѓа на британскиот остров Гернзи во Ла Манш, но дека авионот во кој се наоѓа не може да полета додека американската бирократија задолжена за неа не ја заврши потребната документација.

подморница, Титаник
OceanGate – реклама \\ YouTube

Таа опрема со часови е на пистата. Кога ќе контактирам со американската Влада добивам одговори дека не се во канцеларија, не од сите, туку од клучните луѓе кои треба да го одобрат тоа. Ова е неприфатливо“, изјавил Дејвид Конканон за News Nation и додал дека мора веднаш да се започне спасувачка операција.

Пресметано е дека во понеделникот попладне во подморницата имало кислород за уште 96 часа.

Во малата подморница Titan се и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, член на одборот на директори на познатиот американски институт SETI и неговиот син Сулејман кој живее во Велика Британија, како и британскиот милијардер Хамиш Хардинг.

Исто така, имаше тврдења дека во малата подморница е вклучен и Стоктон Раш, извршен директор и основач на OceanGate, компанијата која ги организира овие туристички тури на потонатиот брод Титаник, како и 73-годишниот Французин Пол-Анри Наргеоле, но BBC наведува дека нема точни информации околу овие шпекулации.