ВИДЕО | МИГРАНТИТЕ ВО ЕВРОПА ГО СЛАВАТ МАСАКАРОТ ВО ИЗРАЕЛ – Бегалски камп во Грција го поздрави нападот на Хамас: “Браво браќа!“
Нападот врз Израел беше поддржан во целиот свет, пред се од оние кои веруваат дека Израел се казнува на овој начин за сите досегашни израелско-палестински конфликти и жртви на палестинска страна. Успехот на нападот го шокираше Израел и донесе причина за славење во пропалестинските имигрантски заедници во Европа.
Така, весникот The Telegraph пренесува дека голема прослава настанала во мигрантските кампови во Грција каде што палестинските бегалци и други, главно граѓани на Ирак и Сирија, славеле и покрај веста за страшното крвопролевање и стотици мртви и киднапирани Израелци, а подоцна и смртни случаи од одмазда во Појасот Газа.
Во едно од видеата на Интернет, за кое се верува дека го прикажува бегалскиот камп на егејскиот остров Самос, може да се видат деца и возрасни како мавтаат и викаат воодушевено. Таму има затворен камп, опкружен со бодликава жица, пишува весникот.
Се славеше и во бројни арапски држави во палестинската средина, каде поддржувачите на Хамас и либански Хезболах гласно ги поддржаа „браќата во израелскиот затвор“.
Така, беше организиран огномет во Техеран, а граѓаните излегоа на улиците со палестински знамиња. Иранската Влада, да потсетиме, ги поддржува акциите на Хамас, а во соопштение по почетокот на насилствата му честитаа на Хамас за одличната акција.
Значаен беше и собирот на приврзаниците на Хезболах во Даније, предградие на Бејрут. Таму е снимено и газењето на израелското знаме.
На социјалните мрежи се појавија снимки, наводно од Багдад, каде автомобилите свират и веат знамиња.
Француската медиумска агенција AFP објави дека на улиците на Германија излегле и некои палестински приврзаници, поради што полицијата внимателно ги следела локалните синагоги, поради страв од напад.
Во Велика Британија, пишува The Telegraph, на Интернет имало изрази на поддршка.
„Денеска треба да биде ден на прослава за поддржувачите на демократијата и човековите права ширум светот, бидејќи луѓето во Појасот Газа избија од затворот на отворено, а борците на Хамас стапнаа на територијата на колонизаторот. Борбата за слобода ретко се случува, се боревме без крвопролевање и не треба да се извинуваме“, напиша Ривка Браун, новинарка.
Фотографии од апсењето на приврзаниците на Хамас дојдоа од Берлин, каде полицијата не дозволи да се слави нападот.
Погледнете ја прославата на улиците во Берлин ОВДЕ.
Странските медиуми исто така пренесоа видео од Канада на кое се гледаат, како што тврдат, поддржувачи на палестинскиот напад во Канада.
Во неделата наутро, најновите податоци беа речиси 300 мртви и 2.000 ранети во Појасот Газа и повеќе од сто мртви и 900 ранети во Израел.