ВИДЕО | МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО САД – Бремена тинејџерка и момче пронајдени мртви во автомобил: “Местото на злосторството е многу, многу збунувачки…“

Тела на исчезнатата бремена тинејџерка од Тексас и нејзиното момче се пронајдени во паркиран автомобил во Сан Антонио, пренесува AP News. Полицијата соопштила дека е можно телата да биле таму со денови без никој да ги забележи.

Савана Никол Сото (18 г.) и Метју Гуера (22 г.) исчезнале во долината Леон, недалеку од предградијата на Сан Антонио.

Во автомобил „KIA Optima“ се пронајдени две тела кои одговараат на описот, и тие можеби биле таму три до четири дена, потврдил началникот на полицијата Вилијам П. Мекманус на прес-конференција.

Тој не потврдил дека се работи за нив бидејќи се уште се чека потврда од истражителот, но вели дека верува дека навистина се работи за исчезнатата двојка. Тој додал дека не се знае дали во автомобилот е пронајдено оружје.

Местото на злосторството е многу, многу збунувачки“, рекол Вилијам П. Мекманус и додал: „Детективите на ова гледаат како на можно убиство, но не можеме со сигурност да кажеме“.

Телата биле пронајдени во вторникот попладне откако некој го забележал автомобилот на паркинг во станбен комплекс и го известил семејството, кое потоа повикало полиција.

Савана Никол Сото го поместила терминот за една недела, а минатата сабота требала да има индуцирано породување во болница. Нејзината мајка, Глорија Кордова, последен пат се слушнала со нејзината ќерка во петокот попладне, и немало одговор кога таа тропнала на нејзината врата во саботата попладне.

Полицијата ја прогласи за исчезната во понеделникот, а подоцна потврди дека исчезнало и нејзиното момче. Семејството организирало потрага на Божиќ.

Савана Никол Сото беше многу среќна што ќе стане мајка. Срцето ми се кине“, изјави нејзината мајка за локалните медиуми, пренесува AP News.