ВИДЕО | Млада девојка од САД се нашла среде вооружена престрелка, а тврди дека животот и го спасила Ким Кардашијан – Нина го шокираше светот со својата исповед
Девојка по име Анџелина Вајли, која се претставува како Нина на социјалните мрежи, има 22 години и живее во Канзас Сити, а како што тврди животот и го спасила најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан.
Таа сними видео на социјалната мрежа Тик Ток во кое откри дека случајно се нашла среде пукање и дека благодарение на корсетот што го носела тогаш успеала да преживее.
„Ким Кардашијан ми го спаси животот. На новогодишната ноќ ме застрелаа четири пати. Таа вечер го носев нејзиниот корсет под фустанот. Толку ми беше стегнат што ме спречи да искрварам“, рекла таа, а потоа додала:
„Тоа е како штит за жените. Наречете го тоа судбина или божји чин, јас ќе го наречам Ким Кардашијан“.