ВИДЕО | Млад татко се онесвестил додека неговата сопруга се пораѓала: Не можел да издржи

Една млада мајка го сподели на TikTok моментот кога нејзиниот сопруг се онесвести додека го роди нивниот син.

Видеото за кратко време стана вирално и во моментов е прегледано преку 13 милиони пати.

Мајката на Коријана Џонсон, која објавува на TikTok под името @coriannejohnson22, во описот на видеото напиша дека нејзиниот сопруг се обидел, но едноставно не можел да поднесе.

Со видеото таа ги насмеа своите следбеници на социјалните мрежи, а во коментар и одговорија голем број на новопечени родители кои и самите доживеале слично нешто при породувањето.

„Мојот сопруг буквално се онесвести кога ми ставаа епидурална анестезија во болница“, напишала една мајка за своето искуство.