ВИДЕО | “Може да се случи голема нуклеарна несреќа!“- Русите наредија итно да се евакуираат 18 населби во Запорожје: Илјадници граѓани со часови ‘избезумено’ бегаат во километарски колони

Русија предизвика паника повикувајќи на евакуација на населението недалеку од нуклеарната централа Запорожје, соопшти денес висок украински функционер.

Како што објави BBC, Русија им наредила на луѓето да напуштат 18 населби во регионот Запорожје, вклучувајќи го и Енерходар во близина на фабриката, пред очекуваната офанзива на воените сили на Киев.

Украинскиот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, изјави дека морале да чекаат околу пет часа за илјадници автомобили во колони да го напуштат градот.

Цивилите се засолниле во градовите Бердјанск и Приморск.

Иван Федоров, градоначалникот во егзил, кажал дека во продавниците во евакуираните области недостасуваат стоки и лекови.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) предупреди дека може да се случи „тешка нуклеарна несреќа“.

Руските сили го окупираат најголемиот дел од регионот Запорожје, но не и главниот град на регионот, кој се наоѓа североисточно од Енерходар.