Струга Трим Лум е нов македонски фудбалски шампионн – Стружани попладнево со победата над Силекс ја прославија шампионската титула

Екипата на Струга Трим Лум е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. Стружани попладнево на домашен терен го победија Силекс, а во прилог им одеше поразот на Шкендија, па така на две кола пред крајот ја прославија шампионската титула.

Струга е десеттиот македонски фудбалски шампион. Историската прва шампионска титула, екипата на Струга ТЛ ќе може да ја обедини со трофејот од Купот на Македонија, бидејќи на 20. мај ја очекува финалето со Македонија ЃП.

Резултати на натпреварите од 31. коло во ПМФЛ играни денес:
Академија Пандев Тиквеш 1:4
Македонија ЃП Победа 7:0
РаботничкиБрегалница 5:4
ШкупиШкендија 2:1
Струга ТЛСилекс 3:0.

Слободен беше тимот на Скопје.