ВИДЕО | Што се случува во Москва !? На Интернет се појави снимка од густ црн чад над небото на руската престолнина: “Во Русија сè гори и гори…“

На социјалните мрежи се појави видео-снимка од пожар, поточно густ црн чад кој се издигнува на десетици метри во воздухот наводно над Москва и покрива голема површина од градот.

Како што наведе на социјалната мрежа Твитер корисникот Тереза, Министерството за вонредни ситуации на Русија известило дека горат градежни материјали во близина на катна зграда во изградба во областа Очаково.

Рускиот независен медиум Baza објави видео и наведе дека се запалиле отпадоци и градежни материјали.

Некои корисници на социјалната мрежа Твитер тврдат дека местото на пожарот се наоѓа во близина на академијата на руската разузнавачка служба ФСБ.

Корисниците на социјалната мрежа Твитер наведуваат дека засега нема информации за жртвите, но ниту една информација, како и автентичноста на видео-снимката објавена на Твитер, засега не може независно да се потврди.

Видео-снимката почна да ја споделуваат корисниците на Твитер во неделата попладне, но не е јасно кога е направена истата.

На социјалната мрежа Твитер има голем број на исмејувачки и злонамерни коментари, особено од корисници од Украина и украински поддржувачи.

Во Русија сè гори и гори, секаде“, прокоментирал еден корисник додека друг додал: „По ѓаволите, тие навистина сакаат да пушат во Москва“.