ТАЖНА ВЕСТ – Светот на тенисот завиен во црно: Почина ‘лошото момче’ на белиот спорт! Тој беше икона на Плејбој и редовно тренираше ‘зајчици’

Поранешниот американски тенисер Тони Греам почина на 66-годишна возраст.

Тој беше големата надеж на Соединетите Американски Држави, но во текот на пет-годишната професионална кариера, но не ги покажа резултатите што му беа предвидени и освои само две титули.

Но затоа добро се снајде на друго поле. Со текот на годините запознал многу познати личности во САД. Така тој често се дружел со Џон Мекинро, Џими Конорс и Бред Гилберт, кои го сочинуваа врвот на тенисот во тие години, а надвор од спортот бил близок со познатиот пејач Кени Роџерс.

Сепак, клучот беше да се запознае Кит Хефнер, помладиот брат на Хју Хефнер, основачот на магазинот и бренд Плејбој.

Врз основа на тоа запознавање, Тони Греам повеќе од две децении беше професионален тренер во вилата на Плејбој, каде ги подучуваше познатите „зајачици“.