Нов пораз на Манчестер Јунајтед – Вест Хем ги совлада ‘Црвените ѓаволи’, Лигата на шампионите можеби ќе остане само ‘сон’ за овој клуб

Фудбалерите на Вест Хем го совладаа тимот на Манчестер Јунајтед со резлутат од 1:0 во Лондон, во натпреварот од 35. коло од Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Саид Бенрахма во 27. минута, по лошата интервенција на голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа.

Манчестер Јунајтед по вториот последователен пораз е на четвртото место со 63 бодови, додека Вест Хем е на 15. место со 37 бодови откако ја прекина серијата од три последователни порази.

Во следното коло Манчестер Јунајтед го пречекува Вулверхемптон, а Вест Хем гостува кај Брентфорд.