(ВИДЕО) Моментот кога вториот земјотрес ја стресе Турција снимен во живо на телевизија

Вториот силен земјотрес кој пред неколку часа ја погоди Турција беше снимен додека репортер известувал во живо за турска телевизија.

Настанот се случи во турскиот град Малатија, околу 13:30 часот по локално време.

На снимката може да се приметат загрижените лица на луѓето кои се обидуваат да се сокријат од земјотресот.

Да потсетиме, околу 11.24 часот Турција ја погоди нов разорен земјотрес со силина од 7,7 степени по Рихтер откако, по првичниот, кој усмрти над илјада луѓе и предизвика сѐ уште немерливи материјални штети, земјата ја потресуваа над 40 последователни удари.