ВИДЕО | Момчето сакало да се самоубие бидејќи го малтретирале на училиште: Мајката објавила видео од синот како плаче и ја моли да му помогне, а потоа се случило нешто неверојатно

13-годишното момче Квејден Бејлс стана познат ширум светот кога неговата мајка со скршено срце објави видео од него како плаче. Момчето има џуџест раст и поради тоа цел живот трпел малтретирање и понижување, но сега среќата му се насмевна.

Сите слушнаа за Квејден кога неговата борба против насилниците што го малтретираа се обиколи и го допре светот. Сега, тој се појавува во холивудскиот блокбастер „Furiosa“. Филмот е петтиот дел од франшизата „Mad Max“, а Квејден го игра воено момче заедно со ѕвездите Крис Хемсворт и Ања Тејлор-Џој.

Борбата на Квејден против малтретирањето стана вирална откако неговата мајка објави вознемирувачко видео на Фејсбук.

Во него, Квејден, кој боледува од ахондроплазија, еден вид џуџест раст , бара нож за да се самоубие откако бил малтретиран на училиште . Видеото го привлече вниманието на познатите личности ширум светот, меѓу кои и холивудската суперѕвезда Хју Џекмен.

Хју Џекмен на Твитер објави видео за поддршка на момчето: „Кејден, ти си посилен отколку што знаеш другар. И без разлика на се, ти имаш пријател во мене.“ Актерот апелираше до своите обожаватели да бидат љубезни еден кон друг.

И познатиот режисер беше трогнат од приказната на Квејден,

Џорџ Милер, режисерот на „Фуриос“, бил трогнат од приказната на Квејден и решил да го ангажира во неговиот филм.

Неговата мајка вели дека никогаш не сакала да го објави видеото од своето дете, но посочува дека чувствувала потреба да ја подигне свеста низ што поминува нејзиниот син. Таа го сподели видеото на Квејден за цел свет да види низ што поминува нејзиниот син, пренесува „Дејли мејл“.

– Ве молам, научете ги вашите деца, вашите семејства, вашите пријатели, бидејќи ова е лицето на малтретирањето и немојте да се прашувате подоцна зошто децата си го одземаат животот – рекла тогаш таа.