ВИДЕО | МОРНИЧАВА СНИМКА – Жена ја погоди гром на плажа, а поради ова никој не се осудува да и се доближе и да и помогне
Мајка од Венецуела по име Фроиланис Ривас (34 г.) во вторникот била погодена од гром, јавуваат медиумите.
Видео-снимките од надзорните камери кои кружат на социјалната мрежа X (Твитер) ја покажуваат трагичната несреќа. Жената веднаш паднала на земја, а паднал и уште еден посетител на плажата но тој успеал веднаш да стане и побегне.
Неколку помошници притрчале на местото на несреќата, но не се осмелиле да и пријдат на жената поради страв од струен удар.
Болничарите ја однеле несреќната жена во болница. И покрај обидот за реанимација од 45 минути, таа на крајот била прогласена за мртва.
Како причина за смртта бил наведен срцев удар. Видео-снимката може да биде вознемирувачка за некои гледачи, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.