ВИДЕО | “МОЌНА АКЦИЈА!“ – Украинците соборија моќен руски хеликоптер, а во него бил и важен командант: “Изгубивме херој…“

Украински маринци, кои припаѓаат на 38-та бригада, пред два дена собориле руски борбен хеликоптер од типот Ка-52 во регионот на Донбас, објавија неколку украински и британски медиуми.

Како што пишува The Mirror, во нападот наводно загинал еден руски командант, а порталот ukrainetoday наведува дека станува збор за полковник Виталиј Табачников, командант на 112-от хеликоптерски полк на руските воздушни сили.

Блогерот Витали Трубников, кој ја следи авијацијата, напиша дека хеликоптерот бил соборен од противвоздушен ракетен систем чии проектили се лансираат од рамото на војникот, додека британските медиуми прецизираат дека бил соборен од системот Starstreak, кој исто така може да биде монтиран на возило.

На социјалните мрежи набрзо се појави видео на кое наводно се гледа соборувањето токму на овој хеликоптер.

Рускиот воен блогер Кирил Фјодоров пишува дека падот на овој хеликоптер навистина се случил, кој го објави следново: „Ги загубивме нашите херои, Ка-52 беше соборен од три британски ракети“.

И веб-порталот Oryx, кој ги евидентира загубите на тешка воена опрема на двете страни во војната во Украина, го додаде овој Ка-52 на листата на соборени руски хеликоптери во Украина. Од почетокот на војната, ова е точно 100-тиот руски хеликоптер кој е соборен, оштетен или напуштен, а за кој има визуелен доказ. Од тие 100, дури 39 биле Ка-52, кои го носеа товарот на руските воздушни операции за време на војната.