,,Митеогол” дрма и во Арабија: Српскиот ас постигна гол на дебито за Ал Хилал! ВИДЕО

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ дебитираше со гол за Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Во 42. минута Митровиќ го постигна водечкиот гол за својот клуб на гостувањето кај Ал Раед.

Српскиот центарфор скокна на центаршутот и со глава ја упати топката во долниот лев агол од голот на домаќините.