ВИДЕО | “МОЌНИОТ ‘САРМАТ’ Е ПОДГОТВЕН!“ – Владимир Путин нуклеарната ракета ја нарече непобедлива: Еве колку навистина е моќна – погледнете!
Екипажот на рускиот стратешки ракетен систем „Сармат“ е ставен во подготвеност, соопшти денес првиот човек на Роскосмос, Јуриј Борисов.
Во април минатата година Русија изврши пробно лансирање на оваа интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ со нуклеарно оружје.
Наречена како „Сатана 2“ од западните медиуми, Русија тврди дека оваа ракета може да достигне брзина од 16.000 милји на час (25.750 километри) и може да распореди 10 или повеќе боеви глави на секоја ракета.
„Сармат“ наводно може да погоди што било на Земјата и може да биде отпуштен од било кој од половите на Земјата.
Станува збор за еден од руските ракети од следната генерација кои рускиот претседател Владимир Путин ги нарече „непобедливи“, а меѓу нив се и хиперсоничните ракети „Кинжал“ и „Авангард“.
Лансирањето на оваа ракета го пренесе руската државна телевизија, а по успешната операција на војниците им честиташе и рускиот претседател Владимир Путин.
„Ова навистина уникатно оружје ќе го зајакне борбениот потенцијал на нашите вооружени сили, сигурно ќе ја осигури безбедноста на Русија од надворешни закани и ќе ги натера оние кои, во жарот на агресивната реторика, се обидуваат да и се заканат на нашата земја, два пати да размислат“, изјави тогаш Владимир Путин.
„‘Сармат‘ е најмоќната ракета со најдолг дострел на уништување цел во светот, што значително ќе ја зголеми борбената моќ на стратешките нуклеарни сили на нашата земја“, објави минатата година Министерството за одбрана на Русија.
„Сармат“ тежи повеќе од 200 тони и има домет од 18.000 километри. Русија тврди дека „Сармат“ може да достигне брзина од 25.750 километри на час и може да распореди 10 или повеќе боеви глави на секоја ракета.
Со „Сармат“, Русија има опција да го испука врз кој било од половите на Земјата.
Покрај тоа, има технологија за затајување на радар и домет од над 10.000 километри. Се движи со брзина од седум километри во секунда, а товарот што го носи е 2.000 пати посилен од атомската бомба фрлена на Хирошима и Нагасаки, напиша еднаш угледниот весник The Indipendent.