ДАЛИ ОВА Е КРАЈОТ НА ДРАМАТА СО КИЛИЈАН МБАПЕ !? Уште еден пресврт на хоризонтот: Французинот потпишува нов договор со ПСЖ, но во игра е и џентлменски договор !?

Дали е на повидок нов пресврт во „сагата на Килијан Мбапе“ ? Имено, новинарот Марко Контерио тврди дека Килијан Мбапе сепак ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен до 2026 година.

Сепак, врз основа на џентлменски договор, во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула која ќе може да се активира во летниот преоден рок од 2024 година.

Така, одличниот француски напаѓач би можел да му се приклучи на Реал Мадрид во пресрет на следната сезона, а фудбалскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос наводно стои зад идејата за нов договор, чија позиција би била во опасност доколку Килијан Мбапе го напушти „Паркот на принцовите“ без отштета следното лето.

Килијан Мбапе е најдобар стрелец на сите времиња на ПСЖ, постигнувајќи 215 гола и додавајќи 98 асистенции на 262 натпревари.

Парижаните летово го доведоа напаѓачот Гонкало Рамос од Бенфика, а се уште работат на доаѓањето на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, кој настапува за Ајнтрахт Франкфурт.