ВИДЕО | Навивачите на Ал Наср ја посветија кореографијата на Брозовиќ, реакцијата на Роналдо беше хит

Во 9. коло од саудиската Премиер лига, Ал Наср загуби на домашен терен од Абха играјќи 2:2, а натпреварот го одбележа интересна кореографија на тамошните навивачи посветена на Марсело Брозовиќ.

Хрватскиот ас поради тоа беше воодушевен, а камерата во тој момент се фокусираше на Кристијано Роналдо кој само кисело се смешкаше, а ова видео брзо стана хит на социјалните мрежи.

Инаку, Роналдо, Брозовиќ и компанија водеа со 2:0, при 2:1 беше поништен голот на Португалецот, но доживеаја вистински шок на крајот од мечот.

Во судиското надополнување, гостинот постигна бод со прекрасниот гол од далечина на Карл Токо Екамби, поранешен играч на Виљареал и Лион.

По овој кикс, Ал Наср моментално е трет на табелата со 19 бодови.